„Нели бевме“ – нов заеднички сингл на охриѓанецот Горан Папаз и Танче Гроздановски

Охрид, 27. ноември 2019 (ИНПРЕС) – По првиот успешен сингл „Спомени“, охриѓанецот Горан Папаз и Танче Гроздановски го објавија вториот сингл, кој исто така е дел од нивниот заеднички албум „Елегија“.

Песната е наречена „Нели бевме“ и во неа гостува актерката Марија Димитрова, која ја интерпретира истоимената песна од великанот на пишаниот збор, Кочо Рацин.

Кочо Рацин е еден од основоположниците на современата македонска литература. Неговата стихозбирка Бели мугри претставува едно од најзначајните поетски дела во македонската литература.

Музиката е на Папаз, аранжманот и продукцијата се на Танче, пијаното го свири Иван Еминовиќ. Идејата за оваа песна е освежување и потсетување на ликот и делото на Кочо Рацин, а комбинацијата од ноти и поезија е секогаш вистинско уживање.

Image may contain: 2 people, people playing musical instruments, people standing, people on stage, guitar and suit

Албумот „Елегија“ ќе биде промовиран наскоро, а дигиталнo ќе биде дистрибуиран од страна на хрватскатата музичка продукција „Менарт“.

На него ќе се најдат осум композиции, четири авторски и четири преработки на македонски изворни песни. (Крај)

извор: ИнПрес фото: Никола Николов