Општина Охрид поднесе тужби за 4 концесионери на охридски плажи

Охрид, 27. ноември 2019 (ИНПРЕС) – Општина Охрид понесе 4 тужби за стекнување на земјиште без основ.

Со ова локалната бара од овие концесионери да исплатат средства кои биле предвидени за закупнина според стариот ценовник. Општината соработува и со останатите институции од кои побарала да им кажат кои други правни лица кои обавуваат дејност се пријавени, на која адреса и дали имаа активен договор. Што значи тужбите нема да завршат тука, туку општината ќе ги тужи и останатите.

На крајот од месец август, Антикорупциската комисија започна со проверка дали физички и правни лица на диво ги узурпираат плажите по должина на охридското и струшкото крајбрежје, со што компании и поединци беа осомничени декa узурпираат плажи без да плаќаат давачки кон општината. Тие побараа од Општина Охрид и Струга да им ја достават целокупната документација за јавното наддавање при доделување на концесиите.

Kонцесионерите на Охридско-струшкото крајбрежје две години работат со истечени договори. Охридските плажи првенствено беа замислени како зони за рекреација со безбедни капалишта, уредена површина и објекти од времен карактер за угостителски услуги кои ќе придонесат за развој на туризмот. Плажите треба да имаат 60% од површината лежалки, а 40% слободен простор за тие што сакаат на уживаат на песок. Сепак, фактичката состојба на терен говори дека на многу малку места се почитуваат овие правила.

извор: Охрид 1 фото: архива