Пашоски: И Охрид се најде на листата на загадени градови, одговорност и решение нема

Охрид, 28. ноември 2019 (ИНПРЕС) – Изминатиот период актуелна е темата за загадувањето и за жал на листата на загадени градови се најде и Охрид. Одговорност нема, решение нема, истакна на денешната прес конференција Борис Пашоски од ГДУ.

Еден од најзаслужните фактори за загадувањето е токму отпадот во „Буково“ со кој се менаџира несоодветно и на најпримитивен начин се справуваат со истиот, рече Пашоски.

– Како и целото лето и години наназад речиси секоја недела гледаме облаци од чад кои доаѓаат оттаму. Јавна тајна е дека пожарот и намерното палење по наредба на одговорните лица, а справување со истиот проблем се рашава на најпримитивен начин со потрпување на останатиот отпад. Затоа нормално е постојано да гори и со тоа се загадува градот. Одговорност нема, решение нема, додаде Пашоски.

Од ГДУ потсетија како ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ ги лажеле граѓаните.

– ДПМНЕ ветуваа дека ќе го решат овој проблем со регионална депонија како една од солуциите. За жал им паднаа маските и после четири години владеење само ја дозаглавија општината. Од друга страна СДСМ ветуваат решение за секој проблем, но последните три години сликата е иста. Каде е софистицираната фабрика за отпад, прашуваат од ГДУ. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес