Врвен Mozzafiato викенд пред нас: After Work забава, Виктор Апостоловски, Ѓоко Танески, Bella Italia…

Охрид, 29. ноември 2019 (ИНПРЕС) – Викендот кој го заокружува првиот месец по отворањето, охридскиот Boutique hotel & bar Mozzafiato го заокружува со богата програма и најава за Mozzafiato Music Festivalot кој започнува наскоро.

Оставаме зад нас недела исполнета со многу убави моменти, врвно кафе и вкусна храна. Пред нас е уште еден викенд, за кој е подготвена одлична програма.

– Започнуваме со After Work забава која во петок стартува во 16:30 часот. За најдобра забава со колегите ќе се погрижи охридската група The Bulbs, по што од 22:30 часот ќе започне забавата со одличниот Виктор Апостоловски. Веќе утре имаме денска DJ забава со DJ Jane од 13:00 до 17:00 часот, а вечерниот термин е резервиран за првиот настап во Mozzafiato на нашиот Ѓоко Танески. Во недела го имаме првото издание на Bella Italia – Pizza & Pasta ден во Mozzafiato. Во нашата највкусна Mozzafiato пица или паста со специјални сосови во комбинација со пиво Златен даб, Пепси или Газоза, ќе уживаме за неверојатни 180 денари. Нашиот пица мајстор Горан Петкоски- Лабуд ќе ви ги подготви највкусните пици и паста, како и џиновската Mozzafiato пица. Време е за уУникатна италијанска кујна на лице место. Ве очекуваме, порачуваат од Mozzafiato.

Сите заинтересирани можат да резервираат навреме на телефонот 076 211 123. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива