Мекдоналдс мора да им плати 26 милиони долари на „недоволно платените работници“

Калифорнија, 29. ноември 2019 (ИНПРЕС) – Американскиот синџир за брза храна Мекдоналдс ќе им плати 26 милиони долари на работниците во Калифорнија кои не се доволно платени.

Мекдоналдс од 2013 година е на суд во врска со разни тужби од 38.000 работници. Меѓу другото, работниците го тужат за неплатена прекувремена работа, неплаќање гарантиран минималец, забрана на пауза и неплаќање за дополнителна работа како што е чистење.

Како резултат на сето тоа, компанијата, освен тие 26 милиони долари, сега електронски ќе плаќа плати, бесплатно ќе дели нови униформи и јасно ќе назначува паузи. Ова е најголема спогодба во врска со платите на овој гиганта за брза храна во САД.

– Иако се уште веруваме дека нашите пракси за вработување се во согласност со Калифорнискиот закон за труд, одлучивме да ја решиме таа тужба покрената на почетокот од 2013 година – соопшти компанијата.

Со спогодбата страните постигнаа взаемно прифатливо решение и документот го доставија до судот. (Крај)

извор: Плус инфо фото: архива