Пожар во автомобил во населбата „Св. Стефан“

Охрид, 29. ноември 2019 (ИНПРЕС) – На 28-ми ноември 2019 година, во 07:25 часот во СВР Охрид, пријавен е пожар во автомобил на паркинг во туристичкиот комплекс „Св. Стефан“ во Охрид.

– Пожарот што се случил во патничко моторно возило марка „Цитроен Ксантија“ со охридски регистарски ознаки, сопственост на лицето М.К. од Охрид, бил изгаснат од страна на екипа на Територијалната противпожарна единица од Охрид, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива