Рибокрадци од Албанија фатени на македонска територија

Охрид, 2. декември 2019 (ИНПРЕС) – На први декември 2019 година, во 21:00 часот, полициски службеници од СВР Охрид ги лишиле од слобода 31-годишниот Б.Е. и 46-годишниот Б.Ј., двајцата од Република Албанија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „незаконски риболов“.

– Лицата биле затекнати во пловен објект во водите на Охридското Езеро на територијата на Република Македонија. Б.Е. и Б.Ј. биле предадени во СВР Охрид за понатамошна постапка, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива