Нов дрворед покрај каналот Студенчишта

Охрид, 2. декември 2019 (ИНПРЕС) – На пешачката патека покрај каналот Студенчишта екипите на „Паркови и зеленило“ оформија нов дрворед од садници од видот „ликвидамбар“.

Засадени се 25 дрвја од овој вид кој претставува исклучително декоративно, дрворедно и парковско дрво кое има брз раст и формира широка правилна пирамидална крошна која може лесно да се режи и формира во посакуван облик.

Листот е со темнозелена боја која наесен преминува во жарко црвена. Добро ги поднесува градските аеро-услови и климатските промени. (Крај)

извор: Општина Охрид фото: Општина Охрид