Ф1: Шампионско возење на Хамилтон во Абу Даби

Абу Даби, 2. декември 2019 (ИНПРЕС) – Луис Хамилтон победнички ја заврши сезоната во која освои нова шампионска титула. Британецот во Абу Даби, на патеката „Јас Марин“ водеше од првиот до последниот круг. Неговата победа никоја не ја оспори во ниту еден момент.

Покрај Хамилтон во Абу Даби се истакна и неговиот тимски колега Валтери Ботас. Финецот стартуваше од последната позиција, а трката ја заврши на четвртото место. Трката во Абу Даби беше последна во Ф1 кариерата за Нико Хулкенберг.

Хамилтон ја забележа 84 победа во кариерата, сега има седум помалку од апсолутниот рекордер Михаел Шумахер.

Покрај Хамилтон место на подиумот освоија Макс Верстапен на Ред Бул и Шарл Леклер на Ферари.

Бодови во Абу Даби освоија уште Ботас, Фетел, Албон, Перез, Норис, Квјат, Саинц. (Крај)

Целиот текст прочитајте го ОВДЕ

извор: Топспорт фото:архива