Јапонската влада купува ненаселен остров за воени вежби со САД

Токио, 2. декември 2019 (ИNПРЕС) – Јапонската Влада денеска соопшти дека се согласила да купи ненаселен остров во југозападниот дел на земјата, со намера да го употреби како место за обука и вежби на војската и слетување на воени летала.

Островот Магешима е мнозинска сопственост на компанија за развој во Токио, лоцирана во округот Кагошима и е со големина осум квадратни километри.

Како што пренесуваат светските агенции, Владата ќе плати 146 милиони долари, а ќе го отвори патот за преместување на теренот за обука на американските трупи од островот Ивото во Пацификот.

– Многу е важно да се обезбеди место за вежбање, а ние ќе продолжиме да се обидуваме да изградиме постојан објект што е можно поскоро – рече генералниот секретар на Владата, Јошихиде Суга.

Американската војска користеше вежби за полетување и слетување во нејзината база Атсуги во близина на Токио, но теренот за обука беше привремено преместен на островот Ивото во 1990 година, поради поплаки во врска со бучава. Минатата година, местото беше префрлено во уште подалечната база Ивакуни, што ги натера САД да побараат од Јапонија да пронајде попогодна и трајна локација за вежби.

Островот Магешима се наоѓа 400 километри од островот Ивакуни и тој е во мнозинска сопственост на компанијата за развој од Токио.

Во мај оваа година сопствениците на островот ги прекинаа преговорите со Владата поради изборите, а оваа есен ги продолжија преговорите. (Крај)

извор: Плус инфо фото: архива