Марихуана и метадон пронајдени кај жител на струшко Радолишта

Струга, 2. декември 2019 (ИНПРЕС) – Надворешната канцеларија за криминалистички работи од Струга поднесе кривична пријава против 33-годишниот М.М. од струшкото село Радолишта, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

– На 4-ти септември 2019 година, при извршен претрес во неговиот дом, пронајдени и одземени се 16 шишенца со раствор на метадoн и марихуана, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива