Кривична за лице од Велешта, кое предизвикало сообраќајка со смртни последици

Струга, 2. декември 2019 (ИНПРЕС) – Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“, Полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против 54-годишниот С.Б. од струшкото село Велешта.

– На 17-ти септември 2019 година, управувајќи патнички автомобил „Голф“ на регионален пат, тој извршил неправилно свртување кон локалниот пат за селото Добовјани и удрил во патнички автомобил „Југо“, а потоа во 55-годишниот С.Б. и неговиот малолетен син, двајцата од Република Албанија, кои се движеле по патот. Тие се здобиле со тешки телесни повреди од кои С.Б. подоцна им подлегнал на повредите. Со телесни повреди се здобил 58-годишниот Р.П. од Вевчани, возач на автомобилот „Југо“, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива