Две лица физички нападнале стружанец пред неговиот малолетен син

Струга, 2. декември 2019 (ИНПРЕС) – На први декември 2019 година, во 21:30 часот, во Полициската станица во Струга било пријавено нарушување на јавниот ред и мир.

– Пријавен е физички напад извршен од страна на лицата И.Ж. и А.Н. врз 53-годишниот З.К. и неговиот малолетен син, сите од Струга. По целосно документирање на настанот, против напаѓачите ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива