Од полноќ поскапува дизелот

Скопје/Охрид, 2. декември 2019 (ИНПРЕС) – Од ноќеска на полноќ нови цени на нафтените деривати. 

Согласно одлуката на Регулаторната комисија за енергетика цената на бензините останува непроменета, односно и натаму Еуросупер БС-95 ќе се продава за 68,50, а Еуросупер БС-98 за 70,50 денари за литар.

Со новата одлука за половина денар поскапуваат Еуродизелот и Екстра лесното масло за домаќинство, па новите цени ќе бидат 61,50, односно 50,50 денари.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемуваза 0,229ден/кг и ќе изнесува 33,186ден/кг. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива