Во вторник јавна расправа за општинскиот буџет за следната година

Охрид, 3. декември 2019 (ИНПРЕС) – Откако советниците го усвоија нацртот, во вторник 10-ти декември ќе се одржи Јавна Расправа за фискалната стратегија и нацрт програмите за буџетот за 2020 година.

Може да присуствуваат претставници од урбаните и месни заедници и заинтересирани граѓани. Јавната расправа ќе се одржи во малата општинска сала од 19:00 часот.

Градоначалникот Константин Георгиески најави дека општинскиот Буџет за следната година е развоен, со голем процент на учество на капиталните расходи. Според советниците од опозицијата пак, измените споредено со претходните буџети се минимални. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива