Започна да делува женскиот хор A Cordis во склоп на Црвен крст

Охрид, 3. декември 2019 (ИНПРЕС) – Црвен крст Охрид, а воедно и градот Охрид е побогат за уште една музичка содржина. Деновиве во рамки на Црвен крст Охрид започна да делува женскиот хор A Cordis.

Петнаесет дами под водство на диригентот професор Билјана Николоска, секој понеделник со своите прекрасни гласови, изведуваат познати музички дела подготвувајќи се за својот прв јавен настап кој со нетрпение го очекуваме за Новогодишните празници. (Крај)

извор: Црвен крст Охрид фото: Црвен крст Охрид