Утре Света архиерејска литургија по повод празникот Богородица Пречиста

Охрид, 3. декември 2019 (ИНПРЕС) – Утре во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ – Каменско ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот „Воведение на Пресвета Богородица – Пречиста“.

– Со литургијата која ќе започне во 08:45 часот ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски и администратор Австралиско-сиднејски, г. Тимотеј, информираат од Дебарско-кичевската епархија. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива