Започна новогодишно украсување на градот, дотур на роба во чаршијата ќе може да се врши само со помали возила

Охрид, 4. декември 2019 (ИНПРЕС) – Доставување на роба во деловните објекти низ чаршијата ќе може да се врши исклучиво со ниски возила.

Служби на ЈП „Охридски комуналец“ по налог на општината веќе започнаа со поставување на новогодишни реквизити низ градот, а фирмата ангажирана центарот на Охрид да блесне во новогодишно руво ќе започне од вечерва или утре. Од локалната напоменуваат дека доколку не се почитува оваа препорака, може да дојде до оштетување на реквизитите и други несакани проблеми.

Од општината за Супер радио и OhridPress информираа дека во тек се подготовките на забавната програма за новогодишните празници. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива