Градоначалникот Георгиески на средба со претставници од Јабланичкиот и Пчињскиот регион од Србија

Охрид, 4. декември 2019 (ИНПРЕС) – Градоначалникот Константин Георгиески заедно со претставници на Секторот за туризам и локален економски развој денеска оствари средба со претставници на Центарот за развој на Јабланичкиот и Пчињскиот регион од Србија и претставници од тамошните општини.

На средбата се разгледуваа можностите за препознавање на заеднички интереси и можности за заедничко постапување пред претсојните европски програми.

На состанокот беше истакнато дека општина Охрид е подготвена за заедничка соработка доколку се изнајдат соодветни форми пред се во делот на туризмот и искористување на средства од ЕУ програмите. На предлог на општина Охрид добро би би било да се реализираат проекти од областа на туризмот, инфраструктурата и заштита на животната средина.

Градоначалникот беше информиран и за проектот „Партнерство и градење капацитети, пат до одржлив развој“ кој има за цел вмрежување на локалните самоуправи од Јабланичкиот и Пчињскиот регион и македонските општини и подигнување на капацитетите на локалните самоуправи за учество во програми за прекугранична соработка. Во проектот е вклучена поддршка во подготовка и имплементација на ЕУ проекти (ИПА прекугранична соработка Бугарија – Србија и Србија – Македонија). (Крај)

извор: Општина Охрид фото: Општина Охрид