Нивото на Охридското Езеро под просекот за декември, денес на 693,28 мнв

Охрид, 4. декември 2019 (ИНПРЕС) – Водостојот на Охридското Езеро под просекот за месец декември.

Според денешните мерења на УХМР езерското ниво е на котата од 693,28 м.н.в што е за 11 сантиметри над нултата кота и 4 сантиметри пониско од месечниот просек што изнесува 693,32 мнв.

Фотографија на UHMR.

Температурата на езерската вода е 12 степени целзиусови. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес/УХМР