Претставата „Хотел ни на небо ни на земја” репризно на репертоарот на охридскиот театар

Охрид, 4. декември 2019 (ИНПРЕС) – По премиерата, најновата претстава на охридскиот народен театар „Хотел ни на небо ни на земја” идната среда, 11-ти декември, репризно пред охридската публика.

Претставата е работена по текст на Ерик Емануел Шмит, во режија на Љупчо Ѓоргиески.

– Протагонистите во неа се наоѓаат во една многу специфична состојба помеѓу животот и смртта, односно помеѓу овој и оној свет. Во една таква драмска ситуација ликовите се обидуваат да размислуваат за животот, за смртта , за смислата на човековото живеење, за бог и човековата слобода и на крај за љубовта. Претставата е очајнички обид на современиот човек заглавен во урбаното секојдневие, да собере храброст и по примерот на Прометеј да открадне барем малку од божјиот оган и светлина, вели режисерот Ѓоргиевски.

Фотографија на НУ Центар за култура "Григор Прличев" - Охрид.

Во претставата играат: Никола Тодороски, Стрезо Стаматовски, Адријана Билаловиќ Тодороска, Ивица Цонев, Ирена Илиевска, Елизабета Стефановска, Стефан Николиќ и Мила Коруновска.

Претставата ќе се одигра на малата сцена во центарот за култура „Григор Прличев“ со почеток во 20:00 часот. Влезниците по цена од 200 денари се пуштени во продажба на билетарата на центарот за култура. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива