Гладијаторите на домашен терен против Вардар јуниор

Охрид, 7. декември 2019 (ИНПРЕС) – Денеска се игра поселедно коло од есенскиот дел во ракометната Супер лига.

Охридските ракометари оваа полусезона ќе ја завршат на домашен терен, а играат против Вардар јуниор.

„Гладијаторите моментално се втори на табелата со 34 бодови, еден помалку од Металург. Со победа на овој последен натпревар ќе го осигураат пласманот во плејофот. Натпреварот се игра вечерва од 18 часот.

Утре пак младите ракометари дома го пречекуваат Металург.

извор: ИнПрес фото: архива