Тргната забраната за „сините“, се спрема список со желби за јануари

Лондон, 7. декември 2019 (ИНПРЕС) – Челси е повторно на пазарот откако Арбитражниот спортски суд ја преполови казната на „сините“ и ја тргна забраната за купување играчи, па клубот уште во јануари ќе може да го засилува тимот.

Челси со менаџерот Лампард, со овој состав моментно е четврти во Премиерлигата, а ако следната недела го победи француски Лил во Лондон, ќе обезбеди и ноакут-фаза во ЛШ.

Сепак, Челси веќе има направено список со желби уште за јануарскиот преоден рок.

Прв на него е младиот фудбалер на Борусија Дортмунд, Џејдон Санчо (19) кој „миионерите“ сакаат да го продадат пред се поради неговата недисциплина. Можно е со неговиот ангажман „сините“ да го срушат клупскиот рекорд од 85 милиони евра, колку што клубот пред 18 месеци плати за голманот Кепа Аризабалага.

Целиот текст прочитајте го ОВДЕ

извор: Топспорт фото: архива