НБА: Јокиќ недоволен за триумф на Денвер, Спарси ја добија драмата со Кингси (видео)

Бостон, 7. декември 2019 (ИНПРЕС) – Кошаркарите на Денвер Нагетс се поразени во Бостон од Селтикс со 108-95.

Српскиот центар ноќеска имаше одличен меч со 30 поени, 10 скока и 4 асистенции. На другата страна Џејсон Тејтум мечот го заврши со 26 поени, 7 скока и 5 асистенции.

Сакраменто Кингс пак испушти победа кај Сан Антонио. Спарси славеа во неизвесна завршница со 105-105. Мал беше придонесот на српските кошаркари, Богдан Богдановиќ мечот го заврши со 9, а Немања Бјелица со 5 поени.

Најдобар во победничката екипа беше Олдриџ со 19 поени, а Кингси на овој меч ги предводеа Бади Хилд и Харисон Брнс со по 21 поен.

Целиот текст прочитајте го ОВДЕ

извор: Топспорт фото: архива