Руми е првата робот-рецепционерка во Европа

Софија, 10. декември 2019 (ИНПРЕС) – Во бугарскиот главен град Софија е пуштена во погон робот-рецепционерка, прва од својот вид во Европа. Се вика Руми.

Ги пречекува и сместува гостите во хотелот „Бест вестерн премиер“, знае три јазика, врши собни услуги, а ако посетителот има роденден, може да му испее и песна. Како што јави бугарската ТВ Нова, овој вид вештачка интелигенција е доста популарен во Азија, на пример ама во Европа, Руми е првата роботизирана хотелска помошничка.

– „Таа“ има две основни функции – првата е да ги упатува гостите до собата, а втората е да ги носи порачките. Порачката се изготвува во кујната и потоа сè тоа го става во самиот робот и го внесува бројот на собата. Роботот оди и застанува пред собата, и додека го чека да излезе, гостинот по телефон е известен дека роботот е пред врата. Гостинот ја зема порачката и роботот се прибира на „своето работно место”, објаснува генералниот менаџер на хотелот, Светослав Панев.

Ако по патот сретне некого или нешто, со помош на сензори роботот го препознава и го заобиколува. Ако пак, некој намерно „ја“ удира или попречува, Руми испраќа сигнал до рецепцијата, дека е во неволја и ѝ треба помош. (Крај)

извор: Либертас фото: архива