„Модерна бајка“,нова претстава на Драмското студио Цвет 75

Охрид, 10. декември 2019 (ИНПРЕС) – Членовите на Драмското студио Цвет 75 подготвија нова претстава која ќе биде изведена утре.

Насловена е „Модерна бајка“, а ќе биде изведена во ОУ „Христо Узунов“ за учениците во два термини, од 10:30 и 16:30 часот.

Ова е добропознатата бајка за заспаната убавица, но со нови елементи. Покрај ненадејните пресврти,лутината на самовилата,одмаздата,љубовта присутна е и актуелната тема или модерен проблем а тоа е загадувањето на околината.Чувањето на природата, грижата за неа е исто така важна за среќниот крај на бајката.

Низ неа ќе не водат младите учесници на Драмското студио Цвтет 75 Охрид: Сара Петкоска, Лина Боцеска, Мила Милошеска, Јон Ѓорѓиевски, Софија Стефановска,Анѓела Ивановска,текст Снежана Стефановиќ, под менторство на Драгана Боцеска. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива