Од полноќ нови цени на бензините

Скопје/Охрид,10. декември 2019 (ИНПРЕС) – Од ноќеска на полноќ ќе почнат да важат новите цени на нафтените деривати. 

Согласно одлуката на Регулаторната комисија за енергетика цената на бензините се намалува за 1,5 денари, па Еуросупер БС-95 ќе се продава за 67,00, а Еуросупер БС-98 за 69,00 денари за литар.

Со новата одлука нема корекција кај цената на Еуродизелот и Екстра лесното масло за домаќинство, па истите и натаму ќе се точат за 61,50, односно 50,50 денари.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемуваза 1,293ден/кг и ќе се продава за 34,478ден/кг.

Овие цени ќе важат до следниот понеделник. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива