Радиска промоција на Супер радио на првата песна „Astalavista“ на охридскиот Hip Hop артист Bagzi (Видео)

Охрид, 21. декември 2019 (ИНПРЕС) – Охридскиот Hip Hop артист со псевдоним Bagzi, во емисијата Vanco Play на Супер радио, денес ексклузивно и за прв пат  ја промовираше неговата прва песна „Astalavista“, пред поширокиот аудиториум.

19-годишниот Благој е студент на УИНТ „Св. Апостол Павле“ во Охрид, а Hip Hop музиката ја сака од мали нозе. Вели дека секогаш имал желба да направи своја песна.

– Текстот е лично мој, а во изработката на песната многу ми помогна Наум Доловски- Мечкаров. Композицијата е снимена во неговото студио, додека за битот беше задолжен Марјан Трпоски, вели за Супер радио Bagzi.

Покрај студирањето и рапувањето, тој често ја забавува и охридската публика низ охридските клубови како DJ. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес