ВМРО-ДПМНЕ: Младите се срамат од СДСМ и Георгиески и не им веруваат

Охрид, 23. декември 2019 (ИНПРЕС) – СДСМ и градоначалникот Константин Георгиески се без конкретни планови за младите и ништо не презеле за подобрување на положбата на младите во Охрид, порача на денешната прес конференција Александар Здравевски, претседател на УМС при ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид.

– Младите се срамат од СДСМ и Георгиески и не им веруваат затоа што и во 2019 година ветувањата за младите останаа нереализирани. Самиот градоначалник Георгиески тоа го потврди велејќи: „Од овој кризен менаџмент што јас го работам во изминативе неколку месеци, од исплаќање долгови, пазари, диви градби, не остана баш многу време за младите“. Ако е така тогаш како СДСМ и Георгиески ќе се потрудат да ги реализираат активностите и работите за младите коишто ги предвиделе во Програмата? И 2019 година е при крај, а сѐ уште нема Локална младинска стратегија. Младите во Охрид останаа без Канцеларија за млади и воопшто не се вклучени во донесување на одлуките на локално ниво. Младите се излажани затоа нема никаква трага од Младинскиот културен центар, а најмалите ги оставивте без Детскиот културен центар. Со Георгиески нема проекти за едукација, професионална надградба и личен развој на младите. За жал младите не добија ништо од унапредувањето на инфраструктурните услови наменети за поминување на слободното време и занимавање со спорт. Повеќе од две години младите чекаат организирање „месец на спортот“ и бесплатно користење на просториите на спортските клубови додека трае месецот на спортот. СДСМ и Георгиески само ја влошуваат состојбата на младите и ја зголемуваат младинската невработеност, порачаа од партијата. (Крај)

извор: ВМРО-ДПМНЕ фото: архива