Новогодишен концерт на музичкото училиште „Методи Патче“

Охрид, 24. декември 2019 (ИНПРЕС) – Основното музичко училиште „Методи Патче“ од Охрид вечерва ќе одржи Новогодишен концерт, кој традиционално се одржува секоја година.

Учениците, поддржани од нивните ментори, ќе покажат што научиле во текот на годинава.

На програмата се дела од познати композитори како и композиции за новогдишните и божикни празници.

Концертот ќе се одржи во Дијамантската сала на хотелот „Инекс Олгица“ со почеток во 19:00 часот, а влезот е слободен. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива