ВМРО-ДПМНЕ: Бизнис и личните интереси за СДСМ и Георгиески се поважни во однос на приоритетите на УНЕСКО за заштита на Охрид

Охрид, 24. декември 2019 (ИНПРЕС) – Власта на СДСМ предводена од Зоран Заев заедно со градоначалникот Константин Георгиески се однесува игнорантски кон препораките на УНЕСКО за Охрид, порача на денешната прес конференција Перчо Божиновски, портпатол на ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид.

– СДСМ и Георгиески ги излажаа УНЕСКО и охриѓани, тие воопшто не започнаа со постапување со бесправно изградените објекти кои го загрозуваат статусот на Охрид во УНЕСКО. Со СДСМ и Георгиески урбанистичкиот хаос го достигна врвот, изостана мораториумот, а дивоградбите се нижат една по една и покрај апелите од УНЕСКО, граѓаните, здруженијата, невладините организации и партиите. Зошто Заев и Георгиески ги затвораат очите пред дивоградбите? Уште колку фактури имаат за наплата и дали повторно подготвуваат терен за партиски инжинеринг на следните избори? Како очекуваат позитивна оценка од УНЕСКО за извештајот за Охридско-струшкиот регион кога ниту една дивоградба не е срушена? На охриѓани им е јасно дека институциите што го доведоа градот до оваа состојба никогаш нема да почнат да работат согласно законите. Ниту Георгиески, ниту Заев имаат капацитет да стават крај со изградбата на бесправни градби и узурпацијата на просторот. Бизнис и личните интереси за СДСМ и Георгиески се поважни во однос на приоритетите на УНЕСКО за заштита на Охрид, реагираат од партијата. (Крај)

извор: ВМРО-ДПМНЕ фото: ВМРО-ДПМНЕ