Уште два дена за пријавување на најубаво украсените дворови и балкони

Охрид, 25. декември 2019 (ИНПРЕС) – До петок е отворен конкурсот што го распиша општината за избор на најубаво новогодишно  украсен двор или балкон во Охрид.

Заинтересираните граѓани имаат уште два дена да се пријават на шалтерот на архивата на општина Охрид.

Комисијата формирана од градоначалникот ќе ги посети сите пријавени кандидати и при оценувањето ќе се води од неколку критериуми. При новогодишното украсување на дворови и балкони треба да биде запазена природноста и естетиката на просторот. Значајно влијание ќе има композицијата на повеќе елементи, осветлувањето и зачувување на амбиенталноста.

Ќе бидат доделени три парични награди во висина од 10.000, 6.000 и 4.000 денари. Објавувањето на имињата на добитниците на наградите ќе биде по новогодишните празници. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес