Охрид претставен на туристичкиот саем во Призрен

Охрид, 25. декември 2019 (ИНПРЕС) – Деновиве, Охрид беше претставен на туристичкиот саем во Призрен, Република Косово.

Делегацијата на општина Охрид, во чиј состав беа и туристичките работници од градот, зеде учество на панел дискусијата која се организира во рамки на саемот.

Штандот на Охрид, побуди голем интерес кај присутните, а меѓу посетителите беше и градоначалникот на Призрен, Митахер Хаскука.

На завршната церемонија на туристичкиот саем, од страна на Призрен на општина Охрид и беше доделена благодарница. (Крај)

извор: Општина Охрид фото: Општина Охрид