Охриѓанец физички нападнат на бензинска станица во Струга

Охрид, 25. декември 2019 (ИНПРЕС) – Секторот за внатрешни работи од Охрид, поднесе кривична пријава против 36-годишниот И.Т. од Скопје и една година помладиот К.Т. од струшкото село Калишта, поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „тешка телесна повреда“.

– На 13-ти ноември 2019 година, во кафетерија на бензинска станица во Струга, тие физички го нападнале 23-годишниот Х.Н. од Охрид, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива