Хуманитарен филмски маратон во Охрид

Охрид, 27. декември 2019 (ОХРИДПРЕС) – Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“, Филмската академија во Охрид и Црвен крст се здружуваат и организираат хуманитарен филмски маратон за помош на нашиот сограѓанин Трајан Целески – Тачо.

Проекции ќе има вечерва и утре, а филмовите се во духот на новогодишните празници.  Вечерва од 18:00 часот е филмот How the Grinch Stole Christmas, а од 20:00 часот The Christmas Chronicles. За утре се предвидени три проекции. Од 13:00 часот е Frozen, од 15:00 часот Elf, а од 17:00 часот The Nightmare Before Christmas.

Фотографија на University for Information Science and Technology - St. Paul the Apostle.

Влезницата за секоја од проекциите е 100 денари, а средствата целосно ќе одат како помош за лекувањето на Тачо. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива