Новогодишен базар на Охридски ракотворби во хотел „Силекс“

Охрид, 28. декември 2019 (ИНПРЕС) – По втор пат, и оваа година во охридскиот хотел „Силекс“ ќе се одржи Новогодишниот базар на Охридски ракотворби.

– Базарот е идеја и желба на 15 ракотворци од Охрид, а хотелот „Силекс“ без никакви финансиски надохнади широко ги отвара вратите, отстапува простор за нивните презентации и го поддржува и помага нивното работење и залагање. Базарот ќе се одржи на 30-ти и 31-ви декември кога голем број странски туристи престојуваат на Охридското крајбрежје, а оваа година хотел „Силекс“ за најмладите за време на базарот, на 30-ти декември, во 18:00 часот организира и куклена театарска претстава „Новогодишен подарок“ во изведба на куклениот театар при Здружението и музичкото катче „Тактус“ од Охрид, информираат од хотел „Силекс“. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива