Седум лица од Дебар физички нападнале 18-годишно момче од Охрид

Охрид, 13. јануари 2020 (ИНПРЕС) – Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „насилство“, СВР Охрид, до надлежното Јавно обвинителство поднесе известување против 18-годишниот И.К. од Дебар, како и против шест други малолетни лица од Дебар.

– Кривичното дело тие го извршиле на 17-ти декември 2019 година, на улицата „Питу Гули“ во Охрид, со физички напад врз 18-годишниот П.А. од Охрид, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива