Драган Бочески повторно на чело на ГФК Охрид Лихнидос

Охрид, 13. јануари 2020 (ИНПРЕС) – ГФК Охрид Лихнидос има старо-нов тренер, Драган Бочески повторно се врати на тренерската позиција.

Бочески се повлече од оваа позиција, по само четири одиграни кола во сезоната 2019/2020 година. Кон средината на декември, на негово место дојде поранешниот македонски репрезентативец Гоце Толески, но во преговорите со управата на клубот не беше изнајден заеднички јазик, па соработката не продолжи.

Бочески сега ќе има задача да придонесе за подобрување на играта. По есенскиот дел од првенството во Втората лига – Запад, ГФК Охрид Лихнидос се наоѓа на деветтото, претпоследно место на табелата. Подготовките за пролетната полусезона стартуваат во втората половина на месецов.

Фотографија на ГФК Охрид Лихнидос.

Фотографија на ГФК Охрид Лихнидос.

Во пресрет на новата полусезона клубот има две засилувања. Искусниот чувар на мрежата од кичевски Велазерими, Раиф Мирселоски и фудбалерот Ујкан Муча од Кораб ќе го носат сино – белиот дрес на Охрид Лихнидос. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива/ГФК Охрид Лихнидос