Цените на горивата остануваат непроменети

Скопје/Охрид, 13. јануари 2020 (ИНПРЕС) – Цените на бензините и дизелот остануваат непроменети, се зголемува само цената на мазутот, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.

Па така од полноќ литар Еуросупер БС-95 и натаму ќе се продава за 68 денари, Еуросупер БС-98 за 70, Еуродизел (Д-Е V) изнесува 62,50, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 51,50 денари за литар.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 1,8777 ден/кг и ќе се продава за 40,424 ден/кг.

Овие цени ќе важат во следните седум дена. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива