Жител на Опеница се здобил со тешки повреди по пад од трактор

Охрид, 14. јануари 2020 (ИНПРЕС) – Во охридското село Опеница, вчера околу 13:00 часот, 56-годишниот Б.В. од истото село, додека управувал трактор без регистарски таблички, изгубил контрола и паднал во провалија.

– Во незгодата, Б.В. се здобил со тешки телесни повреди по што бил пренесен во болницата „Свети Еразмо Охрид“ за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Охрид, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива