Жена од Велестово уапсена по барање од суд на скопскиот аеродром

Скопје/Охрид, 14. јануари 2020 (ИНПРЕС) – На 13-ти јануари 2020 година, во 18:10 часот, на Граничниот премин „Меѓународен аеродром Скопје“ била лишена од слобода 47-годишната Ј.Д. од охридското село Велестово.

– При пасошка контрола било констатирано дека таа се наоѓа на листата со мерка „апси“, по наредба од Основен суд Гостивар. Таа била предадена на полициски службеници од Полициската станица Карпош за понатамошна постапка, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: Капитал