Нивото на Охридското Езеро под просекот за јануари, денес на 693,30 мнв

Охрид, 14. јануари 2020 (ИНПРЕС) – Нивото на Охридското Езеро и натаму е под просекот за месец јануари.

Според денешните мерења езерото е на котата од 693,30 метри надморска височина што е за 13 сантиметри над нултата кота и за 8 сантиметри под просекот за јануари. Температурата на езерската вода е 7 степени.

Фотографија на UHMR.

Во следните денови ќе се задржи стабилно и претежно тивко време, по одделни котлини со појава на магла и ниска облачност, особено во претпладневните и вечерните часови. До петок на планинините и на повисоките места ќе провладува сончево и релативно топло време. Слаб до умерен северен ветер ќе има во четврток, а поветровито се очекува да биде од недела.

Значително пониско ниво од просечното за овој период од годината бележат реките Црн Дрим кај Ложани и Сатеска кај Ботун. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес/УХМР