Леброн безмилосен против Кавс (видео)

Лос Анџелес, 14. јануари 2020 (ИНПРЕС) – Лос Анџелес лејкерси со 128:99 ги „растурија“ Кливленд кавалирси за својата 33. победа во оваа сезона, меч во кој Леброн Џејмс немаше милост кон својот поранешен клуб, постигнувајќи 31 поен и додавајќи 8 асистенции и 15 скокови.

Кливленд почна одлично и по првата четвртина имаше 27:21 предност, која ја задржа и на полувреме (48:47), меѓутоа потоа на сцена стапија Лејкерси, кои почнаа да доминираат и направија предност од над 30 поени, која на крајот беше доволна за убедлив триумф.

Покрај Леброн, Двајт Хауард имаше 21 поен и 15 скока, додека за Кавс, Кевин Лав имаше 21 поен, 11 скокови и 3 асистенции. (Крај)

извор: Топспорт фото: архива