Дончиќ не запира со „магијата“, Орландо ја прекина низата на Лејкерси (видео)

Бостон, 16. јануари 2020 (ИНПРЕС) – Далас маверикс на гости со 127:123 го победи тимот на Сакраменто кингс во ноќ во која уште еднаш воодушеви нереалниот Лука Дончиќ, кој за 34 минути имаше уште еден трипл-дабл учинок.

Словенецот имаше 25 поени, 17 асистенции и 15 скока,а во победата му помогнаа Сет Кари со 21 и Тим Хардавеј со 17 поени. Кингси пак, беа предводени од Д’Арон Фокс (27 поени и 12 асистенции) и Бади Хилд (25 поени).

Маркел Фулц имаше 21 поени, 11 скока и 10 асистенции за Орландо меџик да го направат најголемото изненадување и на гости да ја прекинат низата од 9 победи на Лос Анџелес лејкерс со 119:118 победа. Арон Гордон додаде 21 поен а Меџик, а по 19 имаа Вес Ивунди и Никола Вучевиќ за Орландо кои имаа дури 21 поен предност во текот на мечот.

За Лејкерси, Квин Кук имаше 22 поени ,а Леброн Џејмс заврши со 19 поени и 19 асистенции.

НБА РЕЗУЛТАТИ

Бостон -Детроит 103:116

Филаделфија – Бруклин 117:106

Мајами – Сан Антонио 106:100

Чикаго – Вашингтон 115:106

Минесота – Индијана 99:104

Оклахома Сити – Торонто 121:130

Денвер – Шарлот 100:86

Хјустон – Портланд 107:117

Сакраменто – Далас 123:127

ЛА Лејкерс – Орландо 118:119

Целиот текст прочитајте го ОВДЕ

извор: Топспорт фото: архива