Полицијата приведе три лица кај депонијата „Буково“, фатени со 4,5 килограми марихуана

Охрид, 16. јануари 2020 (ИНПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против 23-годишниот О.М., 35-годишниот А.Н., двајцата од Битола и 44-годишниот Т.Ј. од Велес, поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

– На 7-ми јануари 2020 година, во 02:10 часот, на магистралниот пат Охрид-Ресен, кај депонијата „Буково“, полициски службеници сопреле патнички автомобил со кој се превезувале пријавените и при извршен преглед пронајдена и одземена е една вреќа со 4.574 грама опојна дрога марихуана, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива