„Гладијаторите“ ги почнаа подготовките за пролетната полусезона

Охрид, 16. јануари 2020 (ИНПРЕС) – Охридските ракометари, по заслужената пауза, вчера во спортската сала во Велгошти ги стартуваа подготовките за пролетната полусезона.

Покрај во Охрид, на почетокот на следниот месец ќе се подготвуваат и во Будва, Црна Гора.

Есенската полусезона во Супер лигата ја завршија со 12 победи, едно реми и еден пораз, со што успеаа да се пласираат на втората позиција на табелата со 37 бодови, само еден помалку од лидерот Металург.

Фотографија на ГРК Охрид.

Играта што ја прикажаа и бодовното салдо осигуруваат место во плејофот. Натпреварите во пролетниот дел од Супер лигата ќе започнат на крајот на февруари. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ГРК Охрид