Сега е официјално – Ешли Јанг потпиша со Интер

Милано, 18. јануари 2020 (ИНПРЕС) – Ешли Јанг е официјално нов фудбалер на Интер, каде што ќе им се приклучи на поранешните соиграчи од Манчестер јунајтед, Ромелу Лукаку и Алексис Санчез.

34-годишниот англиски ветеран пристигна во Милано вчера, потврдувајќи дека првпат е во италијанскиот град, а по комплетирањето на медицинските тестови стави потпис на шестмесечен договор до јуни 2020 со опција за продолжување на договорот за уште една сезона.

Неговиот договор со „ѓаволите“ завршуваше во јуни, така што трансферот ќе ги чини Интер само 1.5 милиони евра. Јанг имаше 18 настапи за Јунајтед оваа сезона и беше капитен на тимот, а се очекува да биде во составот на Антонио Конте за неделното гостување во Лече.

извор: Топспорт фото: архива