НБА: Дончиќ е назапирлив, Торонто броеше до 140 (видео)

Филаделфија, 18. јануари 2020 (ИНПРЕС) – И четврти меч во низа Далас не знае за пораз. Маверикси ноќеска славеа против Портланд со 120:112. Својата класа повторно ја покажа словенечкиот интернационалец, Лука Дончиќ кој погоди дури 8 тројки од 12 обиди.

Словенецот мечот го заврши со 35 поени, 8 скока и 7 асистенции.Кај Портланд Лилард беше најефикасниот со 34 поени и 10 додавања.

Актуелниот НБА шампион, Торонто ноќеска пред домашната публика броеше до 140 против Вашингтон, 140:111.Се истакна Пауел со 28 поени и 5 скока. Освен него уште шестмина во победничката екипа имаа двоцифрен ефект.

На останатите ноќешни средби постигнати се следните резултати: Индијана-Минесота 116:114 , Филаделфија-Чикаго 100:89 ,Мемфис-Кливленд 113:109 , Оклахома-Мајами 108:115 , Сан Антонио-Атланта 120:121. (Крај)

извор: Топспорт фото: архива