Нејмар е подготвен да го продолжи договорот со ПСЖ

Париз, 18. јануари 2020 (ИНПРЕС) – Според најновите информации од Париз, Бразилецот Нејмар е подготвен да потпише нов две ипол годишен договор со „светците“, но дури кога ќе се види каков ќе биде учинокот на тимот во ЛШ сезонава.

ПСЖ во осмина-финалето на ЛШ го очекува двомеч со Борусија Дортмунд.

По се изгледа односите на релација фудбалер-Управа се израмнети. Тие се влошија летоска кога Бразилецот беше на прагот да се врати во Барселона. Сепак несогласувањата се решени, Нејмар е во одлична форма и среќен е на „Паркот на принцовте“.

Во статистиката за 2019/2020 моментно има 12 гола и 7 асистенции на 14 одиграни натпревари, а го прави убоит нападот заедно со Килијан Мбапе и Мауро Икарди.

Најмaр се уште официјално е најскапиот светски фудбалер на сите времиња. Тој во 2017 од Барса во ПСЖ прејде за сума од 222 милиони евра. (Крај)

извор: Топспорт фото: архива