Тасески закрепна, им се придружи на „гладијаторите“ на тренинзите

Охрид, 22. јануари 2020 (ИНПРЕС) – Охридскиот ракометар Иван Тасески успешно закрепна и им се продружи на „гладијаторите“ на подготовките во пресрет на пролетниот дел.

Заради повредата со која се здоби на натпреварот со битолски Пелистер беше приморан да отсуствува од ракометниот терен во неколкуте завршни средби во есенската полусезона во Супер лигата.

Фотографија на ГРК Охрид.

Охридските ракометари, по заслужената пауза, минатата недела ги стартуваа подготовките за пролетната полусезона. Есенската полусезона во Супер лигата ја завршија со 12 победи, едно реми и еден пораз, со што успеаа да се пласираат на втората позиција на табелата со 37 бодови, само еден помалку од лидерот Металург. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ГРК Охрид